Ако имате малку посериозно искуство со веб-дизајн тогаш веројатно имате искуство со psd-фајлови на кој е сместен целиот дизајн на страниците. Најчесто во овој фајл има сè, од бои и големини на контејнери, па се до фонтови кои се користат и нивна големина.
Понекогаш дел од овие дизајни се сенки поставени на контејнери, слики или текст. Нивното префрлање во код, не е премногу тешко, но благодарение на алатки може да се направи и полесно. Еден од начините за да се направи ова се плагини како CSS3Ps со кои овозможуваат целосно генерирање на код.
Ако сепак сакате единствено да ја „ископирате“ единствено сенката алатка како PSD-TO-CSS-SHADOWS ви е и повеќе од доволна. Алатката е едноставна и нема никакво автоматизирање, корисникот сам ги внесува вредностите е Photoshop и по конвертирањето во CSS добива код кој може да го користи.
Веројатно PSD to CSS Shadows не е најдобрата алатка кој им е располагање на девелоперите, но понекогаш и ваквите едноставни алатки се доволни да ни завршат работа и да помогнат за побрзо завршување на страниците.