Дали апликациите кои се плаќаат се во невоља? Се чини дека freemium апликациите – апликации кои се бесплатни, но нудат можност за микротрансакции – стануваат се популарен модел за успех на една апликација, засенувајќи ги платените и бесплатните апликации. Пример за ова е Fifa 14, игра која претходно се плаќаше, сега е бесплатна со опција за купување на модови.
Со оглед на тоа дека Google Play и Android започнаа со поголем број бесплатни или фримиум апликации, овој екосистем не ни може да го осети промената на моделите колку App Store и Apple. Еден од поголемите проблеми кој ги имаат развивачите за iOS е тоа што Apple не дозволува пробен период за апликациите. Корисниците, пак, секогаш пред да ја купат апликацијата најпрво ќе ги разгледаат бесплатните аплтернативи, и затоа развивачите се принудени да издаваат две верзии на апликацијата, односно бесплатна, често Lite, и нејзина надградба или целата платена апликација, вели основачот на Instapaper, Марко Армент.
„Пазарот за апликации кои ги плаќате однапред заминува. Ако имате ваква апликација во App Store тогаш најверојатно сте свесни за ова подолг преиод.“
Во периодот од 2010 до 2012 година учеството на бесплатни апликации во App Store е од 80 до 84 отсто, на почетокот на 2013 нивното учество порасна на 90 проценти, пишува Techcrunch. Дополнително уште 6 отсто од апликациите се под 1 долар, што остава 4 проценти за апликации кои чинат повеќе, а бројот на апликации над 6 долари е минимален. Разликата помеѓу бесплатните и апликациите кои се купуваат е уште поизразена ако се споредат преземањата. За бесплатните апликации потребниот број на симнувања за да бидат во топ 10 е 70.000, десеттата апликација која се плаќа има 4.000 преземања.
Платените видео игри дури изгледаат и полошо. Од најпопуларните игри единствено Minecraft е игра за која треба да се плати однапред. Сепак игрите можеби и ќе го понудат конечното решение за App Store, а тоа е „додадена вредност“ – односно доплата од апликациите за дополнителни предмети во играта. Ова би можело да се пренесена пример во фитнес апликациите како дополнителни рути за возење велосипед или трчање или мапа на областите кои можеби ќе ги посетат корисниците. Доколку ве интересира колку би можело да изнесува додадена вредност, екстремниот пример на близначките од Британија покажува дека доколку не сте внимателни цената може да стигне до 1.600 долари.
Аналитичарите предвидуваат дека бројот на бесплатни апликации ќе расне до 93 отсто на пазарот, бројка која засега ќе биде максимум. Останатите 7-9 отсто ќе им припаднат на специјализирани апликации кои ќе можат да се продадат.