Крај за долгогодишниот спор, Apple и Samsung се договорија

во Свет

По 7 години Apple и Samsung конечно ја завршија судската сага. Двете компании се договорија и судскиот спор е завршен. Колкава е сумата и кои се условите на договорот засега е непознато.

Спорот со Samsung стана своевидна „термо-нуклеарна војна“ која иако се закануваше Apple никогаш не му ја објави на Android. Наместо ова, Apple се тужеше со производителите, но никогаш со вистинскиот креатор на оперативниот систем, Google.

Apple и Samsung се на суд уште од 2011 година. Првата пресуда беше донесена во август 2012 година. Судот тогаш одлучи дека Samsung му должи на Apple, 1 милијарда долари заради копирање на iPhone. Секако Samsung ја обжали оваа пресуда, па потоа се жалеше Apple и така во недоглед.

Во Европа оваа патент војна заврши прилично брзо, во 2012 судот во Холандија пресуди против Apple, и толку од тужбите во Европа. Но, во САД на тужбите им немаше крај. Таман што завршија тужбите за хардверот и изгледот започнаа, тужбите за функционалностите. Во 2014 Apple го обвини Samsung за „смислено и систематско копирање на популарните функции на iPhone“.

По сите овие тужби, жалби, жалби на одлуките по жалбите и против тужби, обесштетувањето стигна до 539 милиони долари. Засега е нејасно зошто компаниите одлучија сега да ги прекинат споровите. Парите секако не се во прашање, сумите кои им ги определуваа судовите никогаш не беа значајни за компанијата, вели Verge.

Сега речиси по 7 години тужби Samsung и Apple се надвор од спор, барем до следната тужба.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk