Косовскиот стартап кој работи на технологија за аудио повици стигна до 1 милион преземања на Android и iOS комбинирано. Сервисот овозможува аудио повици, групни разговори, но и видео повици.
Сепак сервисот е повеќе друштвена мрежа отколку алатка сервис за разговор. Со Hello корисниците разговараат сo своите пријатели кои најчесто ги запознале преку сервисот.
Hello започна како проект за забава во канцелариите на компанијта Trigonom на Антон Пацарада. Сепак брзо успеа да се развие, а сега и да дојде до бројката од 1 милион преземања, пишува DigitalSpoiler.
И покрај интересот кај корисниците засега нeма надворешни инвестиции, но без сомневање наскоро ќе ги пронајдат.
„Сè уште немаме добиено никакви инвестиции, досега се само наши средства во производот, во кој веруваме, а и корисниците се потврда за ова. Верувам дека сега влегуваме во фаза во која започнуваме со подготовки за раст. Добивањето на надворешни инвестиции ќе биде возбудливо“, вели Ариан Кастрати од Hello.