1 коментар 1 мин. читање

Корисниците на iPhone гледаат дури два пати повеќе видеа од тие со Android телефон

Луѓето кои имаат iPhone многу почесто гледаат видео отколку сопствениците на Android уреди. Аналитиза на Ooyala вели дека корисниците на iPhone гледаат дури два пати повеќе видеа од оние на Android, пренесува All Things Digital.

Иако сепак станува збор за сообраќај низ нивниот сервис и видео плеер, Ooyala сепак има 200 милиони корисници неделно, но според нивната анализа разликата не се намалува со зголемување на учеството на Android на пазарот.

Интересно е што и покрај подобрувањето на Android и пред се подобрите телефони корисниците на Android не се мотивирани за разгледување на ваква содржина. Иако споредбата која е направена е можеби несoодветна, главно бидејќи е споредба помеѓу iOS и Android, што ги опфаќа и iPad таблети компјутерите, кои засега се единствен играч на пазарот, пред се во САД каде нивното учество во интернет сообраќајот за таблет уреди во 2012 според Тим Кук е над 90 отсто.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top