0 коментари 2 мин. читање 8 јуни, 2015

Корејски робот освои 2 милиони долари на DARPA Robotic Challenge

Роботот Hubo е победник на DARPA Robotic Challenge 2015. Натпреварот започна откако земјотресот, цунамито и нуклеарна катастрофа покажаа дека тимови од луѓе не се секојпат најпожелното решение на локации кои се опасни. Место луѓето, планот е да се испраќаат роботи кои ќе умеат да завршат основни задачи. Токму тоа е и идејата зад натпреварот кој има неколку секојдневни предизвици што хуманоидните роботи мора да ги решат.

Натреварот е составен од осум дисциплини кои роботите треба да ги поминат самостојно, а секоја од нив беше дел од симулирани услови во нуклеарната централа Фукошима. Натпреварите се слични као и досега, возење на автомобил, отворање на врата, затворање на вентили, промена на приклучок и слично. Овој пат покрај основните беа присутни и два мистериозни предизвици, за кои секој од тимовите и роботите требаше да импровизираат. Првиот мистериозен предизвик беше повлекување на рачка, а вториот вадење и замена на приклучок.

Сепак, ако очекувате хуманоидни роботи кои можат да прават се што може и човекот, за жал, или за среќа, тие се далеку во иднината. На натпреварот учествуваа најсовремените роботи, но, на првиот робот кој го заврши предизвикот му беа потребни седум часа и триесет минути, иако предвиденото време беше речиси двапати покусо, пренесува New York Times.

Тимот Kaist од Јужна Кореја кој е креатор на Hubo ќе подели главна награда од 2 милиони долари. Добитници на награди се и IHMC Robotics кои за второто место добија еден милиони долари и Rescue Chimp роботот чии креатори Tartan добија 500.000 долари. За жал ова е последниот натпревар од DARPA Robotic Challenge серијата, но од DARPA велат дека ова е само почеток и дека во иднина роботите ќе работат заедно со луѓето за да ги намалат штетите и опасностите предизвикани од катастрофи.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top