Kонтролирајте го вашиот фотоапарат преку Android апликацијата DSLR Controller

Нова апликација DSLR Controller овозможува поврзување на Android телефон или таблет компјутер со камера или фотоапарат со DSLR поддршка. Апликацијата овозможува наместо дисплејот на фотоапаратот, да го користите дисплејот на вашиот паметен телефон или таблет компјутер кој не само што е поголем, туку во последно време и далеку поквалитетен. Покрај поврзувањето, апликацијата го олеснува фотографирањето на повеќе фотографии во подолг временски период, а не е занемарлива и подобрената HDR поддршка или можноста за инстант споделување на фотографиите на друштвените мрежи.

За користење на DSLR Controller покрај Android уред потребни се USB-on-the-Go адаптер. Барем засега апликацијата е најдобро изработена за Canon фотоапаратите со DSLR, иако на Google Play можете да пронајдете слични апликации за повеќе производители на фотоапарати. Сопствениците на Nikon апарат можат да ја пробаат DslrDashboard која е целосно бесплатна.

Апликацијата чини 8 долари и USB-on-the-Go адаптер кој чини неколку долари, што во споредба со поквалитетен фотоапарат и паметен телефон или таблет сепак е занемарливо. Засега DSLR Controller е во бета фаза, а според најавите кога ќе заврши бета тестот апликацијата ќе биде поскапа, но надградбата ќе биде бесплатна за сопствениците на бета верзијата.

[youtube]rvbR7oZJxDk[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk