Кинеските гејмери Newbee добија 5 милиони долари на DotA 2 International турнирот

Кинескиот тим Newbee е победник на DotA 2 International турнирот и добитник на рекордната награда кога е во прашање е-спортот, околу 5 милиони американски долари. Во финалето Newbee се сретнаа со уште еден кинески тим ViCi Gaming од кој беа подобри со три победи.

Тимот на ViCi и покрај поразот во финалето имаат причина за задоволство, за освоеното второ место се добитници на 1.5 милиони US долари. Северно американскиот тим Evil Geniuses заврши на трето место и се добитници на награда од 1 милион долари.

Рекордниот награден фонд е и поради огромниот интерес за Compendium кој покрај виртуелна влезница нудеше и предмети за во играта, а дел од средствата од неговата продажба се инвестираа во наградниот фонд.

Фианалето покрај рекорднинот награден фонд ќе биде запаметено и како прв ваков настан кој е пренесуван на спортскиот канал ESPN. Големата популарност на турнирите како DotA 2 и League of Legends наскоро сигурно ќе донесат поголем број на телевизиски преноси и посериозно гледање на е-спортот.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk