Ким Дотком со својот нов проект Me.ga ќе го замени изгасениот Мegaupload

во Свет

Контреверзниот основач на сега-изгасениот Мegaupload дрско го објави својот нов проект Me.ga, заедно со плановите како да избегне гасење на доменот, иако во исто време е обвинет од САД дека злоупотребил авторски права во вредност од неколку стотици милиони долари.

Ким Дотком го најави стартувањето на Me.ga за 19-ти јануари 2013-та година. Овој проект ќе биде нов сајт за споделување на содржина, но за разлика од Megaupload, Ме.ga ќе енкриптира податоци за да ја зачува приватноста на пиратите.

Ветувањето е дека „клучот што ќе закачите на облакот, зависи од вас, не од нас“. Me.ga ќе има има онлајн Mega Manager, не посебна апликација која мора да се инсталира на десктоп, за полесно закачување и симнување на софржина.

Ким Дотком, германски граѓанин кој живее во Нов Зеланд, сè уште чека судење за дали ќе биде екстрадиран во САД каде ќе му се суди за онлајн пиратерија, измама и перење пари. Но, тоа судење нема да влијае врз новиот Me.ga.

„Новиот Me.ga ќе избегне било каква работа со американските хостинг компании, домени и интернет провајдери, и е променет на начин да избегне било какво гасење.“, вели Дотком.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk