Британската манекенка Клои Ајлинг цела недела живееше во кошмар. Криминална банда ја киднапира на 10 јуни. Потоа 6 дена ја држеа и се обидоа да ја продадат во аукција на скриениот интернет (DarkWeb). Почетната цена за девојката беше 300.000 долари, вели NBC News.
Девојката која има 20 години е киднапирана во Милано. Потоа, дрогирана во вреќа е пренесена во село во близина на Торино. Единствена причина поради која е ослободена е поради две годишното дете.
Полицијата го уапси полскиот државјанин Лукас Павел Херба, кој е еден од обвинетите за киднапирањето. Г. Херба е уапсен кога ја враќал Клои Ајлинг во британската амбасада. Заедно со „ослободувањето“ Клои доби и писмо од група која се нарекува Black Death Group. Дополнително, таа треба на членовите на групата да им исплати 50.000 долари во Bitcoin, пренесува Independent.
Според нејзиното тврдење еден од членовите на групата и рекол досега од киднапирање и продажба на девојки заработил над 15 милиони долари. Најголем дел од девојките се продадени во арапските држави. Овие податоци досега не се официјално потврдени, а полицијата работи на расчистување на случајот.
Dark Web и Tor
Огласот во кој се продаде г-ѓа Ајлинг, заедно со слика се појави на скриениот интернет.
Родена во Велика Британија; Киднапирана во Италија; Се држи во Германија; 19 години; кавкаски; 34DD-25-35; Почетник манекенка; Почетна понуда $ 300.000. Наддавање 2017/07/16.
Dark Web е скриениот дел од интернет, темните „улички“ кои за најголем дел од корисниците се скриени, сајтовите се скриени, неиндексирани, а најчесто се и со ограничен пристап. За посета на продавниците потребен е софтвер за анонимизирање, пример Tor.
Скриениот интернет главно се користи за продажба на наркотици, податоци од кредитни картички, алатки за хакирање, па и оружје. Сепак, претходно беа достапни и приказни за продажба на детска порнографија и бело робје. Продажбата на луѓе не е невозможна, а најверојатно се одржува на скриени и недостапни страници.
Но, ова не е намената на главната алатка за кроистење на скриениот интернет Tor. Тор беше замислен како систем кој ќе можат да го користат дисиденти кои беа во опаснoст во државите во кои јавно зборуваа. Целосната приватност требаше да обезбеди безбедност за овие луѓе, а не прибежиште за продажба на наркотици и оружје.
Поддржувачите на Tor често говорат дека медите претеруваат во приказните. Ова можеби е вистина, но никој не може да одрече дека злоупотреба постои. Секако ова не значи дека Tor помага за креирање на лоши луѓе, туку дека лошите луѓе наоѓаат начин да го злоупотребат.
Поради ова властие се обидуваат да ја пробијат заштитата на Tor но барем засега не успеваат, вели Роџер Дингледин од MIT, во интервју за BBC.
Tor ја штити анонимност така што го ротира вашиот интернет сообраќај и оди низ мрежата на Tor, пред да стигне до финалната дестинација. На тој начин не е познато кој компјутер вистински сака да пристапи до таа адреса, но што правиме со последниот компјутер во мрежата кој има директен пристап и тој е тој што се поврзува на серверот на локацијата до која сакате да пристапите.
За среќа дури 97% од корисниците на Tor се обични корисници кои ја ценат својата приватност. Другите 3% остануваат проблем.