0 коментари 2 мин. читање 1 август, 2017

Keen Labs повторно го хакираа Tesla

Ниту Tesla не е отпорен на генијалноста на кинеските хакери. Истражувачите од кинеската безбедносна компанија Tencent Keen Security Labs претставија нови безбедносни пропусти во возилата на Tesla. Овој пат жртва е Model X, а пропустот им овозможи да ги отворат вратите на возилото, да ги активираат фаровите и екраните во возилото.

Ова не e првпат Tesla да биде жртва на експертие на Keen. Минатата година успеаја со бежичен сигнал да го запрат Model S, a оваа година експлоатацијата е преку мобилна мрежа. Keen Labs велат дека безбедноста на Model X е на завиднo ниво, но сепак успеале да пронајдат повеќе „Zero-day“ пропусти, пренесе Bleeping Computer. Користејќи ги, успеале да дојдат до контрола врз внатрешните компоненти на возилото CAN и компјутерот за електрична контрола ECU.

Минатата година Tesla во соработка со овие експерти го надгради софтверот на возилата. Oчекуваме истото да се повтори и со овие пропусти.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top