Ќе им плаќаат ли Google и Facebook на издавачите?

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Не е никаква тајна дека со појавата на интернет голем дел од традиционалните медиуми забележаа пад во заработката. Исто така не е тајна дека дел од медиумите, но и државите за ова ги обвинуваат големите компании како Google и Facebook.

Барањата за плаќање за содржината која се споделува на овие платформи не се нови, но барем за сега компаниите успеваат да одолеат.

Се чини дека ова сепак нема да трае уште долго, на неколкуте европски држави, Франција, Шпанија, Германија, сега им се придружи и Австралија во барањата за плаќање за содржините кои Google, но и Facebook ги споделува.

„На дигиталните платформи им се потребни медиуми, но не некоја специфична медиумска компанија, така што постои значителна нерамнотежа на договарање во корист на платформите. Ова создава значителен неуспех на пазарот што му штети на новинарството и со тоа на општеството“, вели Род Симс, претседавач на Австралиската комисија за конкуренција и заштита на купувачите.

Покрај овие две држави слични потези веќе најавуваат уште неколку. Најзаинтересирани се Ирска и Малезија, но веројатно нема да помине долг период пред државите од Европа да излезат со заеднички став.

Facebook досега е позаинтересиран за исплата на пари на издавачите. Друштвената мрежа исплаќа милиони долари на некои издавачи. За разлика од ова Google има фондови за развој и за тренинг на новинари и редакции, но досега не им исплаќа финансиски средства на издавачите. Компанијата вo 2014 кога шпанските власти побараа финансиски надоместок за издавачите, во целост ги тргна Google News од оваа држава.

Сепак по се изгледа и ставот на Google полека се менува. Компанијата е во преговори со неколку издавачи од САД и Франција за преземање на статии. Овие статии во целост би биле прикажувани на Google, вели New York Times.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments