Најголемата аквизиција оваа година е Informatica, софтверска компанија која за сума од 5,3 милијарди долари сега е во сопственост на Canada Pension Plan Investment Board и Permira, јави New York Times. Но, и покрај тоа што компанијата го промени сопственикот, активностите на Informatica остануваат непроменети и нема да има мешање на сопствениците. Тековните активности како префрлањето на сервисот на модел со претплата и префрлање на облакот остануваат непроменети и со поддршка од новите сопственици.
„По внимателно разгледување и дискусија околу стратешките алтернати, нашиот борд на директори заклучи дека продажбата на Informatica на Permira и C.P.P.I.B. е во најдобар интерес на акционерите… Permira и C.P.P.I.B ги делат нашата визија за Informatica и нашата убеднест во одржлив и долгорочен раст“ вели Сохаб Абасси извршен директор на Informatica.
На пофални зборови не штедеа и од Permira кој велат дека Informatica без сомнение е лидер кај компаниите кои нудат решенија за компаниите базирани на „big data“. „Навистина сме многу возбудени поради транзицијата во облакот и сервиси кои се базирани на претплата, но и на продолжението во трката по четири разлилични можности во облак сервиси кои вредат над милијарда долари – интеграција на облакот, менаџирање со податоци, интеграција на податоци и безбедност на податоци.“, вели Брајан Рудер од Permira.
Аквизицијата на Informatica е најголемата потврда на трендот дека се поголем број на пензиски фондови се заинтересирани за информатички компании и стартапи.