Минималистичко, двобојно, сино и сиво е најчесто користеното лого кај успешните компании. Ова го покажува анализата направена на над 2.000 логоа на компании на Smart Sign. На листата на прегледани логоа се логоата од 5.000 најбрзо растечки компании во САД.
Најголем дел дел од логоата, 94% се минималистички, ова овозможува манипулирање со нивната големина без да се наруши квалитетот на сликите. Дури 66% се со икона и „watermark“. Сите логоа по кои се препознаваат најголемите компании имаат уште една заедничка карактеристика, 89% имаат најмногу три бои.
Повеќе податоци со логоата и нивниот дизајн може да извлечете од иконографикот на Smart Sign.