Како тинејџерки дизајнираа соларен шатор за бездомници

Avatar img-thumbnail img-circle

во Свет

Иновацијата речиси секогаш доаѓа како последица на проблемите кои ги гледаме или доживуваме секој ден. Пред неколку години проблемите од секојдневието им помогнаа на неколку девојки да го засакаат инженерството.

Бездомниците од Сан Фернандо се „инспирација“ на 12 тинејџерки за креирање на првиот соларен шатор. Шаторот треба да им помогне на бездомниците да имаат барем малку подобри услови за живот.

Проблемот со бездомници во Лос Анџелес е се поизразен. Даниела Орозко и Вероника Гонзалез секој ден додека оделе на училиште се среќавале со проблемите на бездомниците. Бидејќи и самите доаѓаат од сиромашна средина, не можеле финансиски да им помогнат. Сепак сакале да им обезбедат и нешто поинакво од финансии, пренесе Mashable.

Со помош на 10 соученички и успеале да дизајнираат шатор со соларни панели кои може да се спакува во ранец и лесно да се транспортира. Со помош на Google и YouTube започнале да работат на својата замисла. Иако никогаш претходно не шиеле, лемеле, програмирале или користеле 3д-принтер, набрзина ги научиле овие работи. Набрзо добиле и покана да се приклучат на непрофитната организација DIY Girls. Во 2016 година за овој проект добиле и грант од 10 000  долари од Lamelson програмата на MIT. Со работа 6 дена во неделата и користење на секој момент од слободното време тие успеаја да направат прототип.

Во ригорозните тестови за квалитет набрзина во целост го уништиле првиот прототип. И почнале одново. Направиле втор прототип и продолжиле да го развиваат решението. Со помош на дополнителни 15 000 долари тимот отиде на MIT универзитетот и таму го изработи финалното, или барем сегашното решение на шаторот.

DIY Girls е организација која на девојките кои доаѓаат од посиромашни средини им помага со техничко образование. Овие девојки  често доаѓаат од латино семејства, а таму кариера во технички струки често не е опција за девојките. Само 6%о од жените научници и инженери доаѓаат од овие култури. Од 2012 година DIY Girls успеа да допре до над 2000 девојчиња кои имаа интерес за инженерство и иновации.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk