1 коментар 3 мин. читање 11 февруари, 2011

Како е да се биде бездомник?

Spent ве предизвикува да го прифатите предизвикот и да пробате да „влезете во кожата” на бездомниците и оние помалку среќните, прашувајќи ве на почеток пред да почнете да играте: 6000 луѓе годишно бараат помош од UMD, но на вас никогаш не би ви била потребна нели?
Откако ќе го прифатите предизвикот, ќе бидете оставени без никакви примања, ќе морате да најдете работа со минимална плата и ќе морате да најдете стан. Како што тече месецот, ќе ви се случуваат разни незгоди за кои ќе морате да одвојувате примања, и од неколкуте понудени избори да го одберете вистинскиот, за да не банкротирате.

Urban Ministries of Durham се невладина организација од Северна Каролина (САД) кои зaедно со McKinney маркетинг агенцијата ја креираа оваа игра за нивната кампања да го доближат бездомничкото искуство до граѓаните и да ја подигнат свеста.

Играта исто така е интегрирана со Facebook, и кога ја имате опцијата да побарате помош од пријател ве носи да постувате линк на вашиот Facebook профил, со пораката. Ова не морате да го направите, затоа што играта ако притиснете помош од пријател тоа го регистрира како легитимно иако не сте постувале информација на вашиот профил.

Во текот на играта, откако ќе направите некој избор кој е лош, ќе се појави прозорче со едукативна кратка информација, која можете веднаш да ја отстраните и да продолжите да играте. Начинот на кој се појавува оваа информација е суптилен и релевантен со вашето искуство во моментот, па едукативниот тон не смета и не ја попречува главната идеја.

Што можеме да научиме од оваа игра?

Секако, ве охрабрувам да одите и да ја пробате, и целосно ја поддржувам нејзината намена.
Но, она кое според мене ние можеме да научиме од оваа игра не е само очигледната порака, туку и нејзината креативна и маркетиншки тежина. Секојдневно сме опкружени со неуспешни реклами кои имаат за цел да пропагираат некоја ваква слична порака во нашата земја, користиме уште застарени методи кои пробуваат да му наметнат знаење на граѓанинот, наместо преку интерактивни модели да му помогнеме самиот да спознае.

Интеренетот и новите технологии се одлична платформа за вакви креативни рекламни пораки кои се наменети за едукативни цели. Со вакви или слични модели, може да се постигне многу повеќе. Се надевам Македонија ќе ги следи ваквите примери и ќе се сврти кон иднината.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top