Како да заматите одредени детали во вашите YouTube видеа?

во Веб, Совети

Оние кои поставуваат најразлични видео материјали на YouTube често се наоѓаат во ситуации кога одредени детали во позадина би сакале да ги замаглат за да не бидат видени од останатите. Зборуваме за одредени слики, лица или натписи кои сметате дека се непотребни или би можеле да се непродуктивни за самото видео. Во такви ситуации, самиот YouTube се одликува со алатка која автоматски препознава лица и ви дозволува да одберете кои сакате да бидат заматени за време на видеото.

Најдете го видеото кое е поставено на YouTube, а сакате да го измените, и кликнете на копчето Edit Video. Преку Enhancements јазичето, изберете го Blurring effects, кликнете на Edit копчето во одделот Blur faces. Штом ова го направите, видеото ќе биде процесирано и ќе се издвојат лицата кои можат да бидат заматени. Таквите лица ќе бидат прикажани на лево и доколку сакате да заматите некое од прикажаните – кликнете на истото за да го изберете. Оние кои сакаат да ги замаглат сите регистрирани лица, можат да го направат тоа со кликнување на опцијата Select all. За да бидете сигурни дека саканите лица се правилно замаглени, не е лошо да го одгледате видеото, а потоа да кликнете на копчето Save за да се прифатат промените.

Се случува алатката да потфрли во пронаоѓање на сите лица, а и да разочара доколку сакате да заматите одреден натпис, како таблички на автомобил или текст од несоодветна природа. Во тој случај, потребно е да кликнете на копчето Edit кое се наоѓа веднаш до Custom Blurring. Видеото ќе почне да оди, а во моментот кога ќе го видите објектот кој сакате да е матен, извлечете коцка околу истиот. Се што се наоѓа во внатрешноста на таквата коцка ќе биде заматено и во случаи на движење, матниот „облак“ ќе проба да го следи објектот. На ваков начин, можете да замаглувате повеќе од еден објект. Едноставно повторете ја процедурата кога ќе видите нешто друго, трето и така натаму. Останати опции се сведуваат на дополнително просторно и временско позиционирање на замаглената рамка.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments