Запознајте го Јусуг Мохамед, тинејџер кој најголем дел од своето слободно време го поминува во играње на видео игри, кој иако има само 18 години зад своето име има над 42.000 убиства во популарната Battlefield 3. Тоа што е интересно е дека Јусуф доаѓа од Сулајменија од Ирак, град во кој се одвива една од мисиите на играта.
За разлика од останатите деца, соседството на Јусуф е опасно за игри на улица, а откако неколку од неговите соседи биле киднапирани и за нив бил побаран откуп од 50.000 долари, кога едно од овие киднапирања заврши трагично неговите родители го испратија кај неговата баба во Багдад, но во брзината на бегањето заборави да ја спакува својата конзолата за играње. Неколку месеци подоцна купи компјутер и запозна нови онлајн пријатели и животот повторно му се врати во нормала, пишува NewYorker.
Денес Јусуф Мохамед учи за да биде лекар и истовремено е еден од најдобрите играчи на видео игри во Ирак. Гејмингот покрај излез од ужасната реалоност му помогна да запознае многу нови пријатели. Негови омилени игри се FPS како Battlefield 3, а во моментов тој е во најдобрите 2 отсто од сите кои ја играат Battlefield 3. Јусуф вели дека во контакт со играчите од целиот свет ја менува перцепцијата која многу луѓе ја имаат за Ирак.
„Многу луѓе ми велеа дека се исплашени од Ирачаните, мислат дека сите се терористи. Но во реалноста ние сме жртви. Кога ме запознаа ја видоа вистината и го променија ставот за Ирак. Им помина стравот.“, вели Јусуф. „Овде сме дома, но многумина од нас изгубија најголем дел, ако не и исте пријатели. Ги убија или избегаа од Ирак. Овде не може да му верувате на никој повеќе. Заотоа пријател преку морето на кој можете да му верувате е подобро отколку пријател тука кој може да ви го сврти грбот во секој момент.“
Иако видео игрите нема да им помогнат на државите кои се во постојан конфликт, а луѓето и понатаму имаат проблем со непостоење на основните човекови права. Сепак без сомневање на многумина ќе им помогнат да не ги зафати лудилото на околината.
jas imam 47000 a nikoj ne pisuva za mene :))