Јога за вашите прсти преку едноставни вежби

За нераздвојните од тастатурата, рацете најчесто страдаат од артритис и, според видеото подолу, строго се препорачува да ги раздвижувате прстите на различни начини.

Претставникот од Do You Yoga, Ан Свансон, дава неколку интересни совети за тоа кои вежби да ги имплементирате за да ги раздвижите прстите, особено палците кои се на директен удар од артритисот затоа што модерниот човек постојано ги користи за интеракција со паметните телефони.

#1 Поставете ги дланките пред вас, раширете ги прстите и нежно стиснете ги во тупаница. Повторете пет пати. Посветување на позитивни мисли и мумлање ооом е сосема изборно. Внимавајте само да не ве гледаат од страна.

#2 Раширете ги прстите и ротирајте ги палците во мали кругови. По направени пет круга сменете ја насоката. Потоа можете да го пренесувате концентричното вртење на зглобовите, па на целите раце – како да диригирате безвучна композиција. Оние кои живеат за ризикот, би можеле да го пробаат истото во спротивна насока, како и да ги стегнат прстите во тупаници и да ги повторат горните чекори.

Чувствуваме дека ова е добар момент да ви го насочиме вниманието и на A Soft Murmur – алатка за додатно релаксирање со одлични амбиентални звуци.

#3 Наредната вежба е одлична за опуштање на зглобовите, а се започнува така што се допираат дланките една-до-друга, како кога се молите, и нежно ја туркате едната дланка со другата, па обратно. Ова е одлично за оние кои страдаат од карпален тунел синдром како и за верниците кои сакаат да пробаат да стапат во допир со повисоката сила. Брзината и интензитетот на изведбата можат да се зголемуваат. Внимавајте и со дишењето и трудете се да сте свесни како воздухот влегува преку носот, ја исполнува внатрешноста на вашите гради и контролирано излегува од усните.

#4 Поставете ги прстите едни-во-други, како кога сте замислени, и испружете ги рацете подалеку од вас, а потоа кренете ги и над вас, не заборавајќи притоа да ги држите во таква состојба десетина секунди.

Мора да се сложите дека се работи за интересен видео материјал со исклучително корисни совети кои даваат увид во проблемите при долгото работење со тастатура или паметен телефон. Во случај да сте и вие дел од таргет групата, дефинитивно потрудете се да се опуштите со некоја од вежбите.

Намасте! :)

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments