Платена пракса за имплементација на AI и работа на DeFI проекти

  • од дома
  • пракса
  • привремено
  • од дома
  • Аплицирањето е завршено

Американска компанија Logyx нуди платена пракса за девелопери и Web3 ентузијасти за период од 3 месеци.

Програмата за пракса е на 3 месечен период со можност за продолжување на соработката. Идеалниот кандидат кој се бара има иницијални познавања од развој на веб апликации и има добро теоретско познавање на основите на вештачка интелигенција, а задолжително има експериментирано со LLM моделите како ChatGPT или барем ја има прочитано документацијата.

Праксата е платена по 550 долари на месец, а потоа за потенцијално продолжување платено 1000 долари на месец.

Кандидатот треба да покаже интерес и основно знаење од:

  • LLM интеграција,
  • Solidity,
  • Python и
  • JavaScript/React.

Постои можност за работа во канцеларија во самиот центар на Скопје или на далечина – по договор.

Што би работеле?

  • Развој на DeFi и Web3 проекти со интегрирани AI модели,
  • Истражување за DeFi протоколи,
  • Развој на Proof of concept проекти.

Потребни познавања:

  • Искуство или знаење со развој на софтвер,
  • Разбирање на нефункционални барања (достапност, скалабилност, поддршка, интероперабилност),
  • Иницијално познавање на Solidity, Python,
  • Базично познавање на React/React Native,
  • Одлично познавање на англиски јазик.
  • Искуство на било каков DeFI проект е плус!

Услови за работа:

  • Платена пракса – 550 долари/месечно,
  • Флексибилно работно време со хибриден модел на работа,
  • Работна атмосфера во која се почитува преземање на одговорност и исполнување на задачи,
  • Ментор со повеќегодишно глобално искуство во развој на Fintec, DeFi и ИТ проекти,
  • Можности за бонуси,
  • Пријателска, тимска и колегијална атмосфера со филозофија на хоризонтален менаџмент.

При процесот на аплицирање ве молиме посочете ваши дипломски, сопствени проекти или проекти на кои сте работеле или пак појаснете зошто сте вие идеален кандидат за праксава.

Можете да аплицирате и само со линк до Github, ваше портфолио или ваш проект доколку сметате дека истите ќе бидат прецизни во објаснување на вашите способности.