Спонзориран текст

ИТ настан: Tech Insights – Навигација на проекти со и без тестирање

Спонзорирано од Women in Tech Macedonia

во ИТ настани, ИТ.МК, Софтвер, Спонзорирани

Women in Tech Macedonia го најавува првиот Tech Insights настан во живо, во ко-организација со Kin + Carta & Europe House Skopje. Придружете им се на 19-ти октомври во просториите на Europe House Skopje со почеток од 18:30 часот и искористете ја можноста да се запознаете со две важни теми што се однесуваат на програмирањето и тестирањето на продукти. Повеќе за настанот на следниот линк: https://fb.me/e/fkXRTx14b

Влезот е бесплатен и секој кој се интересира за овие теми е добредојден. Бројот на присутни е ограничен, па побрзајте да го резервирате своето место

Говорниците ќе разговараат за следниве две теми:

  • ТЕМА 1: “Програмирање без QA – Искористување на можностите и соочување со предизвиците”. Во овој дел од настанот, ќе се разговара за начините на кои програмерите можат да работат и со развиваат софтвер без директно вклучување на Quality Assurance (QA) тимовите. Своите искуства и експертиза ќе ги споделат Биљана Цветковска, дел од JS тимот во Kin + Carta, како full stack js developer од 2016та година, и Иван Трајковски, Javascript Developer во Kin + Carta со повеќе од 3 години искуство.
  • ТЕМА 2: “Предноста на тестирањето при развој на продукт”. Втората тема се фокусира на важноста на тестирањето во развојот на софтверски продукти. На темата ќе зборуваат Александра Петровска 3 години дел од QA тимот во Kin + Carta како софтвер тестер. Говорничката ќе ги сподели предностите на квалитетното тестирање и како тоа може да допринесе за подобрување на квалитетот на продуктите. 

Women in Tech Macedonia, Kin + Carta и Europe House Skopje се горди што го организираат овој настан и ги покануваат сите заинтересирани да се придружат на 19ти октомври. Ветуваат интересни дискусии, вредни искуства и можност за запознавање со врвни професионалци од индустријата.

Доколку сакате да бидете дел од Women In Tech Macedonia, приклучете се кон заедницата тука.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Напомена:

Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на Women in Tech Macedonia . IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку сте заинтересирани да објавите промотивен текст, испратете го на [email protected]