Иако не треба претставување, Винт Церф е еден од интернет пионерите, еден од „татковците на Интернетот“ и евангелист за технологија на Google. Тој сега во организација со Google организира јавна средба преку Google Hangout, i сите кои се заинтересирани ќе можат да му постават прашање и да го гледаат интервјуто со Лео Лапорт во кое тој ќе одговара на најинтересните прашањата кои ќе му ги постави Интернет. Средбата со г. Церф ќе се одржи на 2 април.
„Винт ќе одговора на вашите прашања, ќе раскажува анегдоти од првите денови на Интернет и најважно, ќе зборува за најголемите предизвици со кои се соочува Интернет слободата денес.“, стои во поканата од Google.
Доколу саката да му поставите прашање на г.Церф може тоа да го направите тука.







