0 коментари 1 мин. читање 25 април, 2018

ИТ Настан: На I/O Extended со WebFactory

Доаѓа периодот од годината во кој развивачите, пред сѐ на Android се подготвуваат за најголемите промени во годината. Секако зборувме за Google I/O, настан на кој Google ги покажува насоките во кој ќе се движи технологијата следните неколку години.

По мала пауза, Web Factory повторно opганизира заедничко гледање на настанот. Секако пред и по следењето следат дискусии, запознавање и дружење со останатите присутни.

На настанот освен хардвер, софтвер и развојни алатки Google претставува и куп други новитети. Така вообичаено се претставуваат и надградби на: Android, Chrome, Chrome OS, Google APIs, Google Web Toolkit, App Engine. Секако најинтересни се изненадувањата што се дел од овие презентации.

Настанот се одржува на 8 мај, почнува во 18 часот, а локацијата е Chillin’ Bar. За повеќе податоци погледнeте ја facebook страницата за настанот.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top