ИТ настан: Global Game Jam во Скопје, Битола и Охрид

во ИТ.МК

Image courtesy of Global Game Jam Macedonia/Facebook

Добри вести на почетокот на годината, Македонската асоцијација за развивање игри – МАГДА и оваа година ќе организира Global Game Jam, повторно во рамките на глобалниот настан. Она што е ново е дека на двете локации Скопје и Битола, оваа година им се приклучува и Охрид.

Додавањето на Охрид е добра вест која покажува дека во Македонија има се повеќе креатори на видеоигри. Дополнителни интересот за учество за оваа година се чини дека е зголемен. За неколку часа пријавени се околу четириесетина учесници, па ќе биде интересно да се види дали оваа година ќе биде надмината бројката од над 160 учесници од 2015 година.

Global Game Jam ќе се одржи од 29 до 31 јануари во Seavus Education and Development Center во Скопје, Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола и на Универзитетот св.Павле во Охрид. Пријавувањето за учество е веќе отворено, а како и досега повикани се програмери, уметници во 2Д и 3Д, музичари, луѓе со луди идеи и сите кои ги сакаат видео игрите.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments