ИТ настан: Apple ќе го стрима во живо претставувањето на iWatch на 9-ти септември

Avatar img-thumbnail img-circle

во Мобилни

Apple најави дека во живо ќе ја стрима презентацијата на која ќе ги претстави новиот iPhone и iWatch. За настанот веќе од поодамна се знае дeка ќе се одржи на 9 септември во Купертино, Калифорнија, со почеток во 18:00 часот по македонско време. Корисниците на Microsoft Windows, повторно не можат да ги следат настаните, бидејќи овојпат Quicktime не е опција. Apple најави дека стримот ќе може да се следи единствено преку Apple TV или поновите Safari прелистувачи на OS X или на iPhone, iPod и iPad.

На настанот се очекува да биде претставен поголем iPhone од 4,7 инчи, и се шпекулира дека ќе биде претставен и уште поголем „фаблет“ од 5,5 инчи, иако оваа засега е неверојатно сценарио. Но, покрај телефонот на настанот е сигурно дека ќе го видиме и новиот паметен часовник – iWatch. Главниот дизајнер на Apple, Џонатан Ајв, веќе го најави паметниот часовник, велејќи дека „Швајцарија ќе има проблеми“ и вистински конкурент со iWatch.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Melon, part of Kin+Carta

iOS Developer

Integrated Computer Solutions

Remote Senior Qt/QML/C++ Software Developer

Melon, part of Kin+Carta

DevOps Engineer

види ги сите огласи на kariera.it.mk