0 коментари 1 мин. читање

Историски момент, Falcon Heavy на SpaceX успешно полета

По 7 години тестови, првиот лет на Falcon Heavy е комплетен успех. Ракетата успешно полета од Кејп Канервал неколку часа подоцна од најавеното, поради неповолни временски услови.

Ракетата e со еднаква моќ како 18 Џамбо џет авиони. Двата странични бустери успешно слетаа назад во Кејп Канеравал. Единствена дамка на летот е главниот бустер кој не ја погоди дрон платформата. Централниот бустер слета со толкава сила што делови од него ја погодија платформата и уништија два од моторите на платформата.

Сепак, како доказ на успехот ќе остане Tesla Roadster на г. Маск кој е на најдобар пат да стане вештачки сателит помеѓу Земјата и Марс.

Ракетата може да носи два пати потежок товар од следниот конкурент, а еден лет чини 4 пати поевтино. Досега само две ракети биле со поголема моќ од Falcon Heavy, Saturn V која ги однесе астронаутите на Месечината, и руската Енергија.

Следните летови на Falcon Heavy ќе доаѓаат оваа година, и треба да однесат неколку потешки сателити во орбитата.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top