1 коментар 2 мин. читање

Испратете селфи низ целиот свет

Летни одмори, кој има време за тоа? Дигиталните патувања низ целиот свет знаат да бидат еднакво возбудливи, особено доколку се во форма на селфи. Шега на страна, нема ништо лошо доколку навистина сакате да отпатувате низ целиот свет од комфорот на вашиот дом. За таква ситуација, меѓутоа, потребно е да ја искористите новата Showcase алатка на Google.

Откако ќе го посетите линкот, одберете и поставете го вашето најубаво и најзашеметувачко селфи преку Showcase и започнете го виртуелното патување низ Google Cloud мрежата.

Целиот процес е замислен да ви покаже колку брзо податоците патуваат низ приватната мрежа на Google. Патувањето е одбележано со мапа на која точно гледате како вашето селфи скока од еден центар со податоци на друг. Секоја навлегување во одредена „земја“, ја наградува вашата виртуелна фотографија со серија од патнички печати. А, во моментот кога ќе се „вратите“ дома, ќе можете да добиете детален увид за времетраењето на вашето уникатно патување.

Во случај да навистина не одите некаде летово, дали би можеле да ве заинтригираме со некои наши листи од филмови, серии, книги, или стрипови?

Десет најпреземани филмови на пиратските сајтови
5 Sci-fi филмови кои мора да ги гледате за време на новогодишните празници, летните горештини
3 сајтови за бесплатно гледање класични филмови
Топ 9 книги на македонските претприемачи во 2016-та
5 книги кои морате да ги прочитате за време на новогодишните празници на плажа
8 книги кои се клучни за успехот на Илон Маск
Книги базирани на компјутерски игри
Како бесплатно да читате книги?
Стрипови засновани на видео игри #1
5 најнови аудио книги за ИТ индустријата

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top