Ирански хакери ги напаѓаат системите на САД за проток на нафта и природен гас

Иран, а не Кина, е извор на нападите кој го загрозуваат енергетскиот систем на САД. Првичните наоди на Mandiant најавуваа дека изворот на нападите е озогласената Unit 6138, од Шангај. Напаѓачите имале пристап до системот за регулација на протокот на нафта и природен гас доволно долго време за да бидеме загрижени, вели неименуван извор за New York Times. Пристапот до софтверот овозможува напаѓачите да ја саботираат постројката со исклучување на безбедносниот протокол и гаснење на автоматизацијата за подмачкување на генераторите.

За разлика од нападите кои доаѓаат од Кина чија основа цел изгледа дека е набљудување и шпионажа на американските компании, нападите кои потекнуваат од Иран би можеле да имаат за цел саботажа на енергетските системи.

„Безбедносните пропусти во овие системи е тешко да се поправат, системите за пренос на гас и нафта се поврзани со повеќе јавни мрежи и интернет повеќе отколку што мислиме. Покрај ова овие системи не се проектирани за чест прекини и рестартирања во текот на работата.“, вели Том Крос од Kancope.

Засега Иран ја негира поврзаноста со овие напади, но и потсетува дека и тие самите беа цел на исти напади кога Stuxnet ја саботираше иранската нуклеарна програма. Сепак се почестите сајбер напади врз САД допринесоа советникот за одбрана на Барак Обама, Леон Панета, да предупреди за можен „сајбер – Перл Харбор“.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments