Иран го забрани Google, ќе стартува свој Интернет

Иран ги блокира Google и Gmail како рекација на филмот „Невиноста на Муслиманите“ кој разбранува дел од муслиманските верници во повеќе држави, јавува The Guardian. Блокирањето доаѓа задоцнето, а што е уште поважно протестите во Иран беа речиси незабележителни. Сепак владин претставник најави дека Google и Gmail ќе бидат филтрирани.

Тоа што повеќе ги вознемири Иранците е што цензурата на Google и  Gmail доаѓа во исто време со најавата на Иран за креирање на државен „Интернет“. Ова не е добредојдена вест за корисниците на интернет кои се плашат дека иранските власти сакат не само да го цензурираат интернетот туку и целосно да го исклучат, за да го заменат со многу попријателска верзија пред се за претседателот Махмуд Ахмадинеџад.

Новиот „Интернет“ ќе биде оперативен во март 2013, а барем засега никој не јавува дали Иранците ќе имаат пристап до интернет откако нивната платформа ќе биде активирана.

„Овие денови сите владини агенции и канцеларии се поврзани на Националната Информациска Мрежа. Втората фаза од планот е да се поврзат Иранците на мрежата.“, изјави заменик министерот за телекомуникации и технологија Али Хаким-Џавади.

Ова секако нема да допринесе за отвореноста на Иран кој е на четврто место по цензура помеѓу државите според листата на СПЈ ( Committee to Protect Journalist), веднаш зад Еритреја, Северна Кореја и Сирија.

Целосната цензура на интернетот во Иран нема да биде преголемо изненадување, со оглед на тоа дека државата веќе ги цензурира друштвените мрежи Facebook и Тwitter, и медиумите како CNN, BBC, Guardian, Youtube и многу други. Покрај ова  цензурирани се пет милиони веб страни.

Најголем противник на цензурата во Иран е владата на САД која спонозорира прокси специјално за жителите на Иран чија адреса се менува секој пат кога иранските власти ќе ја забранат. Иронијата е во тоа што, софтверот за цензура во државата е изработен на основа на „паметен филтер“ изработен од американската компанија Secure Computing.

 

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments