Иран официјално побара од социјалните медиуми да ги префрлат личните податоци на Иранците на територијата на Иран. Изговорот на властите кои се често критикувани за ограничувања на правото на говор, е дека ова ќе овозможи правата на приватност и безбедноста да бидат уредени според нивните закони, пренесе Reuters. „Надворешните компании за комуникација кои се активни во државата ќе мора да ги префрлат сите податоци поврзани со активностите на Иранците на сервери во Иран“, вели Врховниот совет за сајбер-простор. Врховниот лидер на Иран, ајатолах Али Хамнеи не е член на советот, но секој од претставниците се избрани од него.
Ова нема да важи единствено за социјалните мрежи, туку слични барања се поденесени и до сервисите за испраќање текст пораки, на пример Telegram кој е спомнат во обраќањето на властите. Telegram е еден од ретките сервиси за чет кои нудат приватност со енкриптирана комуникација, и често претставува трн во око на властите, источните и западните, кои сакаат да ги следат своите корисници. Сепак, на барањата на властите за префрлање на Telegram, корисниците од Иран одговорија дека доколку серверите на Telegram се префрлат во Иран, тие веднаш ќе престанат да го користат сервисот.
Слични барања имаше и Европската унија, но и некои други држави, иако во властите во Европа никој не се сомнева дека ќе бришат содржина или ќе апсат корисници чии коментари не им се допаѓаат.







