iOS забележа 50% поголеми приходи за Новогодинешните празници

Иако iPhone ја губи битката со Android кога е во прашање бројот на уреди, кога станува збор за продажба и заработка Apple владее на врвот и ги соборува сопствените рекорди. И оваа година продажбата и преземањата од AppStore за новогодишните празници се поголеми од претходната, овојпат бројот на преземања е поголем за 53 отсто, а заработката порасна за 56 отсто. Иако бројките изгледаат импресивно сепак се пониски од ланските 70 отсто или 300 отсто од годината пред неа. Најголем дел од новогодишните превземања доаѓаат од САД и Европа (пред се Велика Британија каде има раст од 161 отсто). Заработката пак во САД порасна за 97 отсто. Останатите пазари како Јапонија и Азија остануваат незасегнати од празниците и таму продажбата е секојдневна.

Порастот на продажбата за новогодишните празници прави дел од девелоперите да го фокусираат издавањето на игрите или апликациите токму за овој период. Angry Birds Go! и Cut The Rope 2 се само дел од насловите кои ги користат празниците за зголемување на продажбата, вели Distimo.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk