0 коментари 2 мин. читање

Со iOS 11 проширената реалност дојде и на iPhone

Досега видовме повеќе презентации на проширената реалност. Преку Pokemon Go видовме и колку забавна може да биде проиширената реалност.

Откако пред неколку дена официјално излезе iOS 11, проширената реалност доби куп нови интересни и корисни апликации. Еве дел од нив.

Air Measure App

Апликација на корисниците на iOS можеби во целост ќе им го замени метрото. Иако не е ништо специјално, апликацијата е корисна. Сè што корисникот треба да направи, е да го насочи телефонот од местото каде почнува мерењето и потоа да го однесе до местото каде мерењето завршува.

Wayfair Reality

Wayfair Reality е апликација која на купувачите на мебел од продавниците на Wayfair ќе им овозможи да поверат како ќе изгледа мебелот во домот. Корисникот одбира парче, пример сијалица, и потоа во просторот наоѓа место на кое сака да ја постави.

Dance

Идејата на Dance интересна, апликацијата на сите кои учат да танцуваат на подот им ги презентира чекорите. Сепак, се чини дека оваа апликација е за некоја идна проширена реалност, кога очилата ќе ги заменат телефоните.

Topology Eyewear

Апликацијата ќе им помогне на сите кои сакаат да си одберат очила. Topology Eyewear го „скенира“ лицето и на корисниците им овозможува да си одберат очила кои најдобро им одговораат. Користењето е едноставно, апликацијата од селфи фотографија креира 3Д-модел од ликот и на истиот потоа ги поставува очилата.

https://youtu.be/LzoWqKwK4ao

World Brush

World Brush е апликација која на корисниците им овозможува да цртаат во проширениот свет. Сликите потоа се поврзуваат со локацијата и ако некој друг помине тука ќе може да го насочи телефонот и да ја разгледа „сликата“. Како своевиден виртуелен графит, сликите може да се видат единствено на локацијата каде што се создадени.

Ikea Place

Ikea Place е апликација која има иста намена како и Wayfair Reality. Апликацијата овозможува да разгледувате производи од Ikea од дома. Апликацијата овозможува поставување на производите во собата и споредба на изгледот.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top