Интернетот веќе ја мрази Peeple, необјавената апликација што рецензира луѓе

Peeple е нова апликација, која уште не е објавена, но брзо се качува на листата наконтроверзни апликации. Најверојатно секој што чул за Peeple и искажал сомнеж дека апликацијата е ноосодветна е во право, бидејќи Peeple е апликација која рецензира луѓе. Но, штом ќе бидете рецензирани, нема назад.

Секој што го познавате или сте го сретнале, па дури и случајни разгледувачи ќе можат ве оценат на Peeple. Еднаш објавени постовите остануваат засекогаш, иако доколку некој смета дека некој коментар не е вистинит може да го пријави. Освен оцената (една до пет ѕвезди), секој ќе може да остави и сопствен коментар. „Можат да ве оценат сите: бивши љубовни партнери, соработници, старецот од преку улица. Не можете да одберете да бидете избришани, штом некој ве внесе останувате засекогаш,“ објаснува Washington Post.

Сервисот е креација на Николе Меккало и Јулија Кордреј која ја објаснува идејат како „луѓето многи истражуваат кога купуваат автомобил или кога носат некоја слична одлука, Зошто да не овозможиме иста можност за останатите аспекти на животот“. Интересно, апликацијата веќе има вредност од околу 7,6 милиони долари.

Се што е потребно да се отвори профил за некоје е телефонски број, а потоа секој може да објавува и да оценува. Доколку некој напише негативно мислење (помалку од 2 ѕвезди), коментарот влегува во 48 часовен период, во кој објавувачот и оној на кој се однесува коментарот можат да ги испеглаат разликите. По овој период коментарот се објавува. Сепак на сервисот нема да може да бидат објавени: вулгарности, понижувачки коментари, малтретирање, сексуални и правни препораки, расизам и говор на омраза. Една од основните опасности е дека Peeple ќе стае платформа за сајбер насилство. Основачот на Rate My Professor, Мајкл Хаси, смета дека единствен начин за апликацијата да функционира пристојно е да бидат дозволени единствено позитивни коментари.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
1 Коментар
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] Претходно,апликацијата за оценување на луѓе Peeple, слично како и Rumblr, излезе со контраверзна идеја која […]

види ги сите огласи на kariera.it.mk