Intel претстави два нови Intel Core i7 лаптоп процесори од единаесеттата генерација. Овие процесори се наменети за употреба со најтенките лаптоп компјутери. Заедно со процесорите компанијата за го претстави првиот 5G модем за лаптопи.
Intel Core i7-1195G7 и Intel Core i5-1155G7 се подобри за поголем продуктивност, колаборација и гејминг, велат од Intel; Работат на максимална фреквенција од 5GHz, и според најавата апликациите имаат 25 отсто подобри перформанси од конкуренцијата.
Првите уреди во кои ќе доаѓаат новите процесори и модемот Intel 5G Solution 5000 ќе бидат изработени од Acer, Asus и HP, и доѓаат ова лето. Компанијата најавува дека пред почетокот на следната на година ќе бидат претставени над 60 дизајни базирани на Intel Core i7-1195G7 и Intel Core i5-1155G7.
Сепак Intel има и лоши вести. Недостатокот на чипови ќе продолжи во следните неколку години. Како последица на овој недостиг се зафатени повеќе индустрии. На пример автомобилската индустрија ќе го намали бројот на возила кои ги произведува, а новите телевизори доаѓаат со повисока цена.
Производителот во март најави дека ќе инвестира 20 милијарди долари во нови погони, но за производство од овие фабрики ќе треба да поминат неколку години.
„Планираме да се прошириме во САД и во Европа за да обезбедиме одржлив и безбеден ланец за достава на полу-проводници во целиот свет“, вели Пет Гелсингер од Intel.
Најавите за нови процесори, 5G-модем и веста за веројатно продолжување на недостатокот на процесори доаѓаат од виртуелното издание на Computex конференцијата која се одржува во Тајпеј.