0 коментари 2 мин. читање 12 март, 2014

Intel ќе им носи интернет од 800 Gbps на суперкомпјутерите

Intel е подготвен и наскоро ќе започне имплементацијата на 800 Gbps кабли кои ќе овозможат поголема брзина за суперкомјутерите и центрите за податоци. Технологијата ќе овозможи дури 80 пати поголема брзина од сегашната, која се користи за поврзување на свичовите со останата опрема, јавува Ars Technica.

Супербрзиот интернет е овозможен со силициумско-фотонска технологија на Intel која овозможува 25 Gbps низ секое влакно. Комбинација од 8 влакна, 4 за прием и 4 за испраќање овозможуваат брзина до 100 Gbps. Овојпат Intel и партнерите корситат кабли со 64 влакна, по 32 за прием и испраќање а брзината која ја овозможуваат каблите се 800 Gbps што е огромна разлика со сега најупотребуваната опрема која овозможува 10 Gbps. Се очекува прво технологијата да се имплементита во суперкомјутерите, а веднаш потоа сите кои нудат услуги преку облакот. Први компании кои ја тестираат новата опрема се Microsoft и Facebook.

За илустрација еден MXC кабел овозможува пренос од 1,6 терабити во секунда, што е доволно за преземање на 2 HD филмови за помалку од две секунди.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top