3 коментари 2 мин. читање 2 октомври, 2017

Илон Маск ветува батерија од 100 MW за 100 дена

Илон Маск вети дека во Јужна Австралија ќе дизајнираат и креираат батериски систем од 100 MW. Кога ќе биде изграден, системот ќе биде најголем во светот.

Image courtesy of Tesla

Ако овој предизвик не доволен, г. Маск се обложи дека системот ќе биде завршен за 100 дена. Ако системот не биде функционален на 1 декември оваа година, системот ќе биде бесплатен. Процените се дека целиот систем чини околу 50 милиони долари. Датата за пуштање на постројката г.Маск ја објави уште во март.

Сепак, Tesla работи на оваа батерија уште од април. Во моментов батерискиот систем во постројката е на 50 од 100 MW, јави Mashable. Со пуштање на постројката, електричната мрежа на 30.000 семејсттва во Јужна Австралија ќе биде стабилизирана.

Image courtesy of Tesla

Батеријата ќе работи како резерва. Во случаите кога мрежата нема да може да ги исполни потребите на потрошувачите, ќе се активира батеријата и ќе ја надополни од резервите.

Летото во Австралија е период во кој електричната енергија најмногу се троши. Со капацитет од 100 MW батеријата треба да помогне со елиминирање на прекините во снабдувањето со електрична енергија.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top