Илон Маск, основачот на Tesla и најверојатно најкул претприемачот на сите времиња, смета дека во иднина сите ќе земаат универзален основен приход.
„Најверојатно ќе завршиме со универзални основни приходи за сите, или нешто слично поради автоматизацијата. Не знам што друго би можеле да направиме.“, вели г. Маск.
„Луѓето ќе имаат време за друга работа, за правење покомплексни и поинтересни работи. Секако ќе имаат повеќе време за одмор.“, додава г.Маск.
Засега времето кога роботите во целост ќе ги заменат луѓето во производството не е пристигнато. Сепак, бројот на потребните работници во производството секако е намален благодарение на напредокот на автоматиката и роботиката. Освен работните места во фабриките без сомневање ќе бидат намалени работните места во превозот, па дури и покреативните професии ќе бидат заменети од вештачка интелигенција.
Се чини дека единствено безбедни од автоматизација се најкреативните професии, истражување и развој, но и домашна нега и услужна дејност.
Што се однесува до идејата за универзален основен приход најверојатно најголем придонес во популаризацијата имаше неодамнешниот референдум во Швајцарија. Референдумот пропадна, но дискусијата не престанува, а се чини дека е доволно да го убеди г.Маск.
Eдинственото прашање е дали оваа слобода од потреба да се обезбедат средства за егзистенција ќе придонесе наjголем дел од луѓето да бидат креативни. Во иднина ова би можело да придонесе секој да може да го работи она шта најмногу го сака, но и да придонесе огромен дел од луѓето да не работат ништо.
Сепак г.Маск е најверојатно одличен пример дека дел од луѓето нема да престанат да работат затоа што основните потреби им се подмирени. Г. Маск подолго време може да се пензионира и да не се грижи за својата иднина. Tesla и Space X без сомневање се дел од најиновативните компании кои ќе влијаат на иднината. Најголем дел блaгодарение токму на личниот ангажман на г.Маск.