Игри кои ќе излезат во април

Месецот април ќе биде исполнет со бројни нови игри. Да погледнеме што нè очекува:

  • Totally Reliable Delivery Service [PC, PS4, XBO, Switch] – 1 април

Оваа симпатична игра каде, со уште тројца пријатели разнесувате пакети во огромен свет, е бесплатна до 8 април. Не губете време и зграпчете ја на Epic Store.

  • Curious Expedition [Switch/ XBO] – 2/3 април

Инди стратешката авантура со ретро изглед егзистира веќе подолго време на Steam со многу позитивни рецензии. Се работи за roguelike симулација на експедиција во 19 век и ви дозволува да истражувате мистериозни региони за слава, наука, и богатства.

  • HyperParasite [PC, PS4, XBO, Switch] – 3 април

Овојпат имаме rogue lite инди игра со пукање и лични пресметки каде собирате и контролирате 60 различни ликови. Играта е во раниот пристап на Steam цела година.

  • In Other Waters [PC, Switch] – 3 април

Во улога на вештачка интелигенција, водите научник низ преубав и мистериозен вонземен океан. Се работи за игра која ветува впечатлива sci-fi приказна во свет лишен од насилство.

  • Resident Evil 3 [PC, PS4, XBO] – 3 април

Ќе успее ли Џил Валентајн да преживее доволно долго во Ракун Сити и да се справи со сите хорори кои ги има ослободено корпорацијата Амбрела. Една од нашите најочекувани игри за април, особено по феноменалната Resident Evil 2.

  • Below [PS4] – 7 април

Xbox ексклузивата излегува и за уште една конзола. Се работи за уникатно брутална боречка игра со истражување зандани и бројни елементи за преживување.

  • Convoy [PS4, XBO, Switch] – 8 април

Тактичка roguelike игра која добри пет години е на Steam ќе ја пресели постапокалиптичната околина низ сите конзоли и ќе понуди предизвикувачки сцени инспирирани од Mad Max и FTL.

  • Final Fantasy 7 Remake [PS4] – 10  април

Целосен римејк на култната игра од долгогодишниот серијал. Се работи за драстични надградби во секој аспект и, од она што го видовме, фановите на оригиналната игра лесно ќе се здобијат со впечаток како да играат целосно нова игра.

  • Someday You’ll Return [PC] – 14 април

Психолошка, хорор игра за очајна потрага по исчезната ќерка длабоко во една од највознемирувачките шуми. Играта доаѓа од авторите кои претходно се прославија со релативно успешната J.U.L.I.A.: Among the Stars.

  • Fallout 76 Wastelanders [PC, PS4, XBO] – 14 април

Огромно надополнување кое, преку воведување NPC ликови и бројни квестови, би требало значително да го подобри чедото на Bethesda кое е директен виновник за уништување на репутацијата на компанијата, но и показател за тоа до каде може да отиде корпоративната алчност.

  • Save Your Nuts [PC, XBO, Switch] – 16 април

Мала, но симпатична акциона игра за до осум играчи каде, како животни, здружувате сили ги украдете оревите на противничкиот тим.

  • SoundSelf: A Technodelic [PC, PC VR] – 22 април

Уникатна игра која е напојувана од вашиот глас и ви дозволува, со или без VR опрема, да истражувате најразлични нивоа на вашата (под)свест. Точно, звучи чудно.

  • Deliver Us The Moon [PS4, XBO] – 24 април

По успешен старт на Steam, Sci-Fi трилерот со невозможна мисија да се спаси човештвото од истребување конечно доаѓа и за конзолите.

  • Predator: Hunting Grounds [PS4] – 24 април

Мултиплеер шутерот со феноменалните предатори првин ќе се појави екслузивно за конзолата на Sony. Еден играч е предатор, а други четворица се војници кои треба да извршат серија од задачи. Многумина веднаш ја споредија со Friday the 13th играта.

  • Trials of Mana [PC, PS4, Switch] – 24 април

Модерна реинкарнација на третата игра од Мана серијалот. Се работи за jRPG игра која е целосно преселена во 3D.

  • Gears Tactics [PC] – 28 април

Од Splash Damage доаѓа стратегија сместена во добро познатиот серијал Gears of War. 12 години по настаните кои се обработуваат во првата игра, GT ветува впечатлива приказна со гејмплеј механики кои се засновани на запазување редови (turn-based).

  • Moving Out [PC, PS4, XBO, Switch] – 28 април

Симулатор за преселување кој би требало да даде целосно нова димензија на заедничкото играње од кауч. Од она што ние го видовме, играта делува како да има спакувано тони забава, особено кога би можела да се игра со уште тројца пријатели.

Што би сакале да играте овој месец? Кажете нѝ во коментарите или на социјалните мрежи!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments