0 коментари 2 мин. читање 1 август, 2014

iFixit го расклопи Oculus Rift, и најде екран од Galaxy Note 3

Oculus Rift е еден од уредите кој ја враќа виртуелната реалност во видеоигрите, но и со поширока примена од ова. Токму затоа со нетрпение го очекувавме моментот кога Oculus DK2 ќе дојде во рацете на iFixit, кои на свој својствен начин го расклопија и презентираа хардверот од кој е составен уредот.

Без отворање на уредот може да се забележи дека DK2 верзијата со 453 грама е нешто потешка од претходникот кој тежи 395. Со помош на IR-камера тимот откри дека Oculus DK2 доаѓа со 40 IR-LED кој овозможуваат попрецизно одредување на позицијата на корисникот. За ова Oculus DK2 доаѓа со специјално изработена IR-камера која за жал не може да се користи со претходната верзија на уредот. Додавањето на оваа технологија не помага за следење на ориентацијата туку ја следи позицијата на главата на играчот, па уредот испраќа сигнали за тоа дали корисникот ја држи завртена, навалена и крената, а со примена на овие сигнали во играта ќе може да се додаде ново ниво на реализам.

Можеби најинтересно е што Oculus Rift DK2 всушност доаѓа со екран од Samsung Note 3 и тоа заедно со контролерот за дисплејот, но за потребите на Oculus e оверклокуван од 60Hz на 75Hz. На плочката на Oculus се наоѓаат ARM Cortex-M3 MCU со 128 килобајти флеш на 32MHz и МP65 сензор по 6-оски (жироскоп и акцелометар), но и други сензори.

Што се однесува за едноставноста за поравка iFixit го оцени Oculus со 9/10, со напомена дека сè уште станува збор за прототип кој може да се разликува од финалниот продукт. За високата оценка допринесе тоа што за целосно расклопување на уредот е потребен еден тип на шравцигер, а и изборот на дисплеј од популарен телефон помага за достапноста доколку делот треба да се замени.

[youtube]-HoHkFgslJc[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}