Идните роботи управуваат со возила, се качуваат по скали и сечат ѕидови

во Свет

Овој викенд во Флорида се одржа еден од најинтресните натпревар во полето на роботиката, DARPA Robotics Challenge Trial, на кој 16 тима од целиот свет одговараа на предизвиците преку кои го демонстрираа нивото до кое е стигната роботиката. Задачите кои се натпреваруваа роботите беа најразлични, од управување со возило, движење по различен терен, качување на скали, отстранување на урнатини до влегување низ различни типови на врати, сечење и отстранување на делови од ѕид, затворање на вентили, симулирање на гасење на пожар.

Осум од овие тимови влегоа во финалето во кое ќе се натпреваруваат за главната награда, два милиони долари. Очекуван победник на квалификациите е HRP-2 од Schaft кој од неодамна се во сопственост на Google, кој уште пред натпреварот објави видео на кое нивниот робот ги поминува сите предвидени препреки. Покрај нив во втората фаза се квалификуваа и проектите на Florida Institute for Human and Machine Cognition, Carnegie-Mellon CHIMP, MIT, NASA Jet Propulsion Labs, Lockheed Martin, Worcester Polytechnic Institute и TRACLabs.

[youtube]b6UzI7MyqvU[/youtube]

[youtube]-P_vXi16F20[/youtube]

[youtube]IDqZmBGBY7Y[/youtube]

[youtube]diaZFIUBMBQ[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk