Иднината е тука! Google од следниот месец ќе му биде конкурент на Uber

Avatar img-thumbnail img-circle

во Свет

По се изгледа Google ќе биде првата компанијата која ќе понуди превоз со автономни возила.

Waymo одделот на Alphabet кој излезе од компанијата со ребрендирањето ќе го лансира сервисот за неколку недели. Превозникот ќе доаѓа со нов бренд и ќе биде конкурент на Uber и Lyft. Секако ќе им бидат конкуренти и на сите такси превозници.

Името и официјалното лансирање е тајна и засега, дури и анонимниот извор на Bloomberg не го откри ова.

Во почетокот превозот ќе биде достапен во Феникс, Аризона. Ова секако не е изненадување, Waymo околу година тестира транспорт на патници со автономни возила во овој град. Компанијата тестираше со околу 400 семејства со автомобили Chrysler Pacifica, секако возилата доаѓаа опремени со технологијата од Google.

Иако во возилата нема да има возач, секое од возилата има оператор кој може да преземе контрола и да управува со возилото доколку се појави ваква потреба.

Ќе биде навистина интересно да се види каква реакција ќе има од такси превозниците. Досега не беа задоволни од конкуренцијата од Uber, но се чини дека Google ќе им биде уште поголем проблем.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk