Не толку одамна големите технички компании Google, Microsoft, Facebook, Amazon добија ефикасен начин за отстранување на несоодветна содржина (слики) од интернет.
Со години техничките компании креираат бази на податоци со содржина која е несоодветна за споделување на интернет. Овие бази содржат слики во кои недозволено се споделува експлицитна содржина, злоупотреба на деца или насилна и екстремистичка содржина.
Што е Image Hashing?
„Image hashing“ е технологија која овозможува спречување на споделување и качување на слики на кои има несоодветна содржина. Технологијата беше развиена за да се спречи споделувањето на слики на злоупотреби на деца. Со оглед на тоа дека не е можно да се откријат сите локации на кои сликите се споделуваа беше развиена технологија која на секоја слика и доделуваше „дигитален отпечаток“. Благодарение на ова сликите можеа да бидат отстранети наеднаш, па дури и да биде спречено нивното повторно качување на интернет.Благодарение на напредокот на генеративната вештачка интелигенција екстремистите сега имаат начин како да генерираат илустрации и да го заобиколат хаширањето на слики.
За жал екстремистите и терористите пронајдоа начин да ја заобиколат заштитата. Наместо користење на стандардните фотографии и илустрации за пропаганда, користат вештачка интелигенција за манипулирање на сликите. Дека воопшто не станува збор за изолиран инцидент, туку за организирана кампања покажува фактот дека организацијата „Tech Against Terrorism“ открива 5000 нови генерирани слики неделно. Тука се вклучени и слики од групи кои се поврзуваат со Хамас и Хезболах, пишува Wired.
„Последниве околу шест месеци, можноста дека манипулираат со слики за да го нарушат хаширањето е загрижувачка. Техничкиот сектор заврши голема работа со креирањето на автоматизирана технологија, терористите можат да започнат да користат генеративна вештачка интелигенција за да избегнат сѐ што е направено“.
Исламистичките екстремисти не се единствени што ја пронашле „дупката“ која ја овозможува новата технологија. Организацијата забележала дека на неколку канали кои за комуникација ги користат неонацистички групи се споделуваат слики генерирани од вештачка интелигенција. Покрај сликите кои ги споделувале во канал на апликација која е достапна на Google Play споделуваат и совети и упатства за тоа како да се креираат екстремистички мемиња. Слични совети споделуваат и екстремистите од Исламска држава. Покрај слики екстремистите ја користат вештачката интелигенција и за автоматски превод на пораките во различни јазици, што им го олеснува регрутирањето онлајн, пренесуваат од „Tech Against Terrorism“.
За среќа вештачката интелигенција треба да им помогне и на „добрите момци“ да пронајдат заштита. Tech Against Terrorism најавија партнерство со Microsoft кое ќе им помогне да детектираат терористичка и насилна екстремистичка содржина онлајн. Соработката ќе резултира со креирање на нова алатка за откривање и отстранување на екстремистичка содржина.