Идејата која излезе од Tesla, која пак компанијата ја сподели јавно, Hyperloop One, успешно го заврши првиот тест. До неодама ваквиот превоз беше единствено концепт, но првиот функционален прототип е реалност, јави Next Web.
Последниот тест овозможи возилото да забрзува до 10 отсто од теоретската брзина. Тестот траеше само 5.6 секунди, но дури и за ова кратко време „вагонот“ успеа да достигне брзина од 112 km/h. Ако ова не е доволно да ве импресионира, следниот тест ќе биде со забрзување до 400 km/h. Целта на технологијата е да се достигне брзина од 1.120 km/h, која барем засега изгледа доста нереално.
„Hyperloop One ќе ги пренесува луѓето и работите побрзо од било кога досега. Со Hyperloop One светот ќе биде почист, побезбеден и побрз. Ќе го направиме светот многу поефикасен и ќе влијаеме на начинот на кој функционираат градовите, каде живееме и каде работиме. Ќе може да се движиме помеѓу градови како кога се движиме помеѓу станици на метро“, вели Шервин Пишевар ко-основач и директор на Hyperloop One.