Идејата на Илон Маск за супербрзи возови Hyperloop започна со првите тестови. Проценката е дека финалната верзија на Hyperloop или „петтиот начин на транспорт“ ќе може да се движи со брзина од 1280 km/h, а во првиот тест успеаја за две секунди да забрзаат до 184 km/h.
Првиот тест е направен на возилото, но Hyperloop превозот е составен од превоз и вакуум-тунел во кој нема отпор на околината, што всушност и овозможува волку висока теоретска брзина на патување. Сепак, и со оваа технологија почетоците се ветувачки.
„Она што е нереално е колку бргу стигнавме до овде. Hyperloop One сега има тим од 150 луѓе во Лос Анџелес и Лас Вегас, а само пред две години работевме во гаража и можевме да се изброиме на прстите на една рака. Дури и местото на кое тестираме беше пустелија пред шест месеци“, вели Шервин Пишевар, ко-основач на Hyperloop One.
На локацијата за тестирање веќе може да се забележат цевките во кои ќе патува Hyperloop, а во околината нема ништо освен една соларна електрана, вели Motherboard, кои беа присутни на тестовите. За повеќе фотографии и импресии од тестовите посетете ја нивната веб-страница.
До крајот на годината ќе бидe тестиранa кабината за патници во услови на магнетна левитација, но нема никакви податоци за финалните тестови и евентуален прототип, што можеби е и разбирливо со оглед на раната фаза на целиот проект.