0 коментари 2 мин. читање 4 март, 2020

Huawei претстави свој пребарувач

Овој период во кој компанијата е под санкции е навистина голем предизвик за Huawei. Без можност да користат голем дел од предностите на Android оперативниот систем Huawei мора самиот да излегува со сопствени решенија.

Тимот задолжен за развој на софтвер го претстави Huawei Search. Алатката засега е во развој и не е достапна преку AppGalery, но на ентузијастите им е достапен инсталациониот .apk фајл.

Апликацијата во иднина во целост треба да ги замени функционалностите на асистентот на Google, но ова засега не е случај. Главно на производителот му недостасуваат алатки кој се интегрирани во пребарувачот на Google. Можеби поинтересно прашање кој го развил пребарувачот е од како се генерираат резултатите.

Не можевме да ги споредиме резултатите од пребарувањето од Huawei Search со резултати од Google, Yahoo, Bing, DuckDuckGo, Yandex, Ask или AOL. Софтверот е лиценциран од ирска подружница на Huawei и се чини дека е во согласност со релевантните регулативи за GDPR за отстранување на податоците за пребарување. Би било прерано да кажеме дека Huawei Search е алтернатива за пребарување на Google или Microsoft Bing, но постои можност овој сервис да прерасне во пристоен конкурент, велат XDA-Developers за Forbes.

Еден од најголемите предизвици за Huawei ќе биде презентирање на релевантни податоци. Власите во Кина имаат влијание речиси врз сè. Веројатно се сеќавате на „Project Dragonfly“. Google во соработка со властите во Кина се обидуваше да пронајде некакво прифатливо решение за цензуриран пребарувач. Под притисокот на вработените и на јавноста компанијата се откажа од овој проект.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}