Huawei го надмина Apple и ја достигна втората позиција со продажба на паметни телефони во глобални рамки

во Мобилни

Пред неколку месеци Huawei добри забрана за продажба во САД. Сепак по сѐ изгледа, ова не ја забави продажбата на телефони.

По извештајот од последното тримесечје Huawei го презема второто место од Apple и сега е втор производител на телефони застапен на пазарот. Интересно Apple ја држи својата продажба речиси на исто ниво со второто тримесечје од 2017 година. Сепак Huwei во последните три месеци успеа да пронајде речиси 16 милиони нови корисници.

Во последното тримесечје кинеската компанија продаде 54,2 милиони телефони. Со ова на Huawei отпадна 15,8% од пазарот, 3,7% повеќе од Apple.

На првото место останува Samsung со продадени 71,5 милиони уреди. Бројката изгледа импресивно, но не и за Samsung, за јужно-корејскиот ова е пад од 10,4 проценти.

Најголемо зголемување на продажба во однос на истиот период пред една година има кај Xiaomi (48.8%) кои се на четврто место според продажбите и кај Huawei (40.9%).

„Континуираниот раст и продорот на нови пазари колку што е одличен толку е и очекуван и доаѓа како резултат на нашата цел, не да ги следиме туку да ги диктираме иновациите на пазарот и со тоа да се наметнеме како бренд којшто може секогаш соодветно да одговори на растечката потреба и побарувачка од потрошувачите. Покрај новите модели паметни телефони, со напредни перформанси што претставуваат револуција во смарфоните и нивната функција, Huawei паралелно се шири на сите пазари што исто така придонесе за новата позиција во светски рамки“, изјавија претставници од компанијата.

Светски пазар на телефони, Топ 5 продавачи, дел од пазарот, и промена во однос на претходна година (продажбата е во милиони единици)
Производител2Q18 продажбадел од пазарот 2Q182Q17 продажба дел од пазарот 2Q17промена во однос на 2Q17
1. Samsung71.520.9%79.822.9%-10.4%
2. Huawei54.215.8%38.511.0%40.9%
3. Apple41.312.1%41.011.8%0.7%
4. Xiaomi31.99.3%21.46.2%48.8%
5. OPPO29.48.6%28.08.0%5.1%
Others113.733.2%139.540.1%-18.5%
Вкупно342.0100.0%348.2100.0%-1.8%
Source: IDC Worldwide Quarterly Mobile Phone Tracker, July 31, 2018

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments