0 коментари 1 мин. читање 9 август, 2011

HTC стартува сајт за развивачи на апликации

HTC го стартува HTCdev сајтот преку кој развивачите на апликации ќе можат да се запознаат со OpenSense софтерските алатки за искористување на Sense 3D интерфејсот и Scribe пенкалото.

Со Sense алатките, програмерите ќе можат да креираат повеќе апликации оптимизирани за HTC Android уреди, што значи уредите ќе бидат и позанимливи за корисниците, со повеќе кретивни апликации. Програмерите ќе можат да креираат апликации кои го користат Sense, персонализираниот од HTC Android интерфејс, кој е препознатлива карактеристика на тајванските телефони. На HTCdev страната има посветено и една страна за Windows Phone развивање на апликации.

HTC иако ја најави, сепак не ја објави алатка за отклучување на bootloader на телефонот со која ќе може да се персонализира ОС-от. Отклучување на bootloader-от е закажан да биде објавен „наскоро“.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top