Најубавото разочарување во мобилниот свет. Вака во една реченице Verge го рецензираше новиот flagship телефон на HTC, One M9. Според првите рецензии, телефонот е прекрасно изработен како и претходникот, полесен е со метална рамка за верзиите во сребрена и златна боја, и со подобри перформанси како побрз процесор, 3 GB RAM, 20 мегапиксели камера и Dolby Audio 5.1.
Но, дали прекрасниот One M9 ќе биде доволен за HTC да ја победи конкуренцијата? Aдутот на HTC е персонализацијата која ја имаат со Sense 7, односно нивниот модифициран интерфејс од Android 5 Lollipop. „Со новата верзиј ана Sense, HTC успеа да го персонализира секој аспект на телефонот, од иконите во позадина, боите, онтот, звуците идругите елементи… кои се автоматски генерираат од позадината на телефонот, што се симнува од продавницата за теми, или се креира мануелно преку генераторот на теми на HTC“, пишува Guardian.
[youtube]w2AiATDZ-LY[/youtube]