Half-Life: Alyx ефект, виртуелната реалност повторносе врати во фокусот

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести, гејминг

Image courtesy of Valve

Беше потребна единствено една видеоигра за да се распродадат сите залихи на Valve Index сетот за виртуелна реалност. Сетот повеќе го нема во залиха, а од Valve се надеваат дека ќе успеат да испорачаат нови уреди пред Half-Life: Alyx да излезе во продажба.

Index не е евтин сет. Напротив целиот сет чини 1000 долари и е еден од поскапите уреди кои се достапни. Интересот за уредот е толку голем што сетот е распродаден во 31 пазар, сите во кои се продава. Целата верзија на уредот со базите не е достапна никаде, а единствено во Јапонија е достапен сетот со или без контролер. Ова можеби и е за очекување со оглед на тоа дека до Alyx не постоеше навистина некој наслов кој ќе ги презентира сите предностни на виртуелната реалност. Дополнително Half-Life за огромен дел од гејмерите е омилена игра која ја чекаат навистина долг период. Можноста да го оживеат светот во виртуелната реалност секако ќе биде интересно искуство.

Valve пак играта ќе ја искористи како доказ за можностите на виртуелната реалност што треба да ги охрабри и другите девелопери да ги применат овие правила. Со оглед на тоа дека играта излегува во март наскоро ќе дознаеме и дали интересот за сетовите за виртуелна реалност ќе се задржи и по излегувањето на Alyx, па можеби дури и ќе се зголеми.

 

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk