Хакерот кој што ќе го пробие iOS 10 ќе добие 1.5 милиони долари!

0 коментари 1 мин. читање

Безбедносната компанија Zerodium понуди награда од 1.5 милиони американски долари за хакерот кој ќе успее да пронајде пропуст во iOS 10.  Новиот оперативен систем за iPhone, засега е без откриен пропуст. Причината за ова можеби е што оперативниот систем излезе пред едвај неколку недели.

Zerodium бара „zero-day“ пропуст кој ќе им овозможи на корисниците далечински „jailbreak“ на уред врз кој немаат физичка контрола.  Наградата за пробивање на претходната верзија  нa оперативниот систем iOS 9 беше 1 милион долари. Наградата за пробивање на Android 7.0 Nougat e 200.000 долари.

 

238907589754
Image: Zerodium
Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top